Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на патот кон членство во ЕУ, се наведува во заклучоците од јунскиот Совет на Европската Унија посветени на регионот.
– Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин заснован на заслуги. Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, се потенцира во заклучоците.
Во документот се додава дека за време на средбата, лидерите на земјите членки на ЕУ размениле мислење за ситуацијата во Западен Балкан и потсетиле на своите претходни заклучоци за регионот.
Во делот од заклучоците за Молдавија се реафирмира „цврстата поддршка“ на Европската Унија за суверенитетот, територијалниот интегритет, отпорноста и економскиот развој на земјата.
– Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со Република Молдавија за да ја зајакне отпорноста и стабилноста на земјата во услови на постојани дестабилизирачки активности од страна на Русија, вклучително и хибридни напади, насочени кон поткопување на демократските институции на земјата, се наведува во заклучоците во кои се изразува и поддршка за пристапувањето на Молдавија во ЕУ и се повикува на почеток на преговорите по кластери кога ќе бидат исполнети условите за тоа.
Лидерите на ЕУ „остро ги осудуваат“ сите видови хибридни активности против Европската Унија, нејзините земји членки и партнери, особено континуираната руска хибридна кампања, која вклучува саботажи, нарушување на критичната инфраструктура, кибер напади, манипулации, ширење дезинформации и обиди за поткопување на демократијата, вклучително и ао обиди за влијание врз изборните процеси.
– Во овој контекст, Европскиот совет го поздравува усвојувањето на дополнителни листи во рамките на рамката за рестриктивни мерки со оглед на дестабилизирачките активности на Русија и проширениот опсег на овој режим. Европската Унија и земјите членки ќе продолжат да ја зајакнуваат својата отпорност и целосно да ги користат сите достапни средства, вклучително и хибридниот сет алатки на ЕУ, за конкретно спречување, одвраќање и одговор на хибридните закани од Русија, се додава во заклучоците.
Лидерите на ЕУ во документот нагласуваат и дека зајакнувањето на конкурентноста на Европа и понатамошното интегрирање на Единствениот пазар се клучни за одржување на просперитетот и социјалниот модел на Европа и тоа ќе придонесе за зајакнување на глобалното влијание и позиција на ЕУ како предвидлив, сигурен и веродостоен партнер, вклучително и преку зајакнување на меѓународната улога на еврото.
Во документот се изразува поддршка на процесот на административно поедноставување, изградбата на вистинска Енергетска унија пред 2030 година и намалувањето на енергетската зависност на ЕУ со преземање мерки за отстранување на загриженоста на земјите членки.
Лидерите исто така го поздравуваат исполнувањето на сите критериуми од страна на Бугарија за пристапување во Еврозоната и повикуваат на одобрување на предлогот на Комисијата за прием на земјата во блокот на 1 јануари 2026 година.
Во заклучоците се повикува и на спроведувањето на усвоеното законодавство на ЕУ за миграцијата, зајакнување на борбата против нерегуларната миграција, забрзување на процесот на враќање на илегалните мигранти и спречување на инструментализацијата на мигрантите и на трговијата и шверцот со луѓе.
Во документот се охрабруваат земјите од ЕУ да ја подобрат својата отпорност, подготвеност и капацитети за одговор на кризи и се повикува на мобилизирање на сите инструменти за справување со сите форми на организиран криминал, како и тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам, како онлајн, така и офлајн, кои, како што се наведува, претставуваат голема закана за европските граѓани и безбедноста на членките на Унијата.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
