Македонија
28. July 2022 - 16:51

Законите за повисоки плати на вработените во правосудните органи ги поминаа собраниските комисии

Законите за зголемување на платите за вработените во обвинителствата, судовите и затворите минаа низ собраниските комисии – 15те проценти ќе ги добијат откако измените ќе се гласаат на пленарна седница.. Според власта, повисоките плати ќе поттикнат совесност во работата, за опозицијата, измените нема да ја подобрат сликата за правосудниот систем..    

Законите со кои се зголемуваат платите во правосудството и затворите се селективни тврдат пратениците на опозицијата.. Пресметале дека некои вработени ќе добијат покачување од само 200 денари..

Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо вистински реформи, власта се занимавала со измени во закони кои нема да ја зголемат довербата во правосудниот систем..

Зголемувањето на платите, според власта ќе придонесе за подобрување на професионалноста..

Откако ги минаа собраниските комисии, измените на трите закони треба да се гласаат на пленарна седница.. Според предлогот, вработените во правосудството и затворите ќе добијат повисоки плати за 15 проценти..