Бизнис
3. February 2020 - 14:14

Законот за отпис на каматите за долговите на граѓаните го помина комисискиот филтер

Законот за отпис на каматите за долговите на граѓаните го помина комисискиот филтер и најверојарно утре ќе се најде на дневен ред на пленарна седница.

Со законот се предводува отпис на каматите за долгови кон јавните претпријатија. Главницата ќе се плаќа најмногу на 36 рати, во зависност од големината на долгот.

Со прифаќање на амандман на опозицијата ќе се брише и затезната  камата за судските постапки и трошоците за нотарите и извршителите.

За Законот за бришење на каматите на долговите на јавните претпријатија почна амандманската расправа. Опозицијата за него има над 3100 амандмани.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова