-->
-->
Заљубената Ана ги заврши натпреварите на Вимблдон
-->

Елиминацијата на седмата носителка Ана Ивановиќ е најголемото изнедување на третиот ден на Вимблдон во двете конкуренции.
Српската тенисерка, во второто коло загуби во два сета (3:6, 4:6) од 158-та на ранг листата Бетани Матек-Сандс. Американката чија специјалност е игра во двојки на ВТА турот е од 1999 година, нема ниту една титула во сингл и ова е нејзината најголема победа во кариерата.
За разлика од Ивановиќ останатите фаворитки немаа проблеми во второто коло, во следната рунда минаа Серена Вилијамс, Азаренка, Шарапова, Стосур, Сафарова, Стивенс, Младеновиќ, Петковиќ, Бенчиќ, Венус Вилијамс.
Во машка конкуренција птвиот и четвртиот фаворит Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка во три сета ја минаа втората рунда. Истото го направија и Гаске, Томиќ, Димитров, Изнер, Кириос. Четири сета за пласман во третото коло одигра Милош Раониќ, додека во пет сета до третото коло стигнаа Чилиќ и Вердаско.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
