Заложничка драма на аеродромот во Хамбург: Напаѓач со дете упаднал со автомобил и пукал во воздух | ВИДЕО
Полицијата на Хамбург се справува со заложничка драма на аеродромот, кој останува затворен откако вооружен маж синоќа упадна на пистата со автомобил. Во него се наоѓаат двајца луѓе, вклучувајќи дете.
Сите полетувања и слетувања се во прекин и полицијата утрово соопшти дека ситуацијата и натаму не е решена.
Полицијата е во контакт со 35-годишниот возач, кого сопругата го пријави за киднапирање на нивното четиригодишно дете.
„Веруваме дека во позадината на ситуацијата е спор околу старателство“, соопшти полицијата.
Осомничениот двапати истрелал во воздух и фрлил запалени шишиња од автомобилот откако ја пробил безбедносната ограда на пистата. Автомобилот сега е паркиран под еден авион.
„Во моментов имаме статична заложничка ситуација. На терен се специјални сили и психолози специјализирани за преговарање“, кажаа од полицијата.
Полетувањата се сопрени и на аеродромот има околу 3200 патници.
Ново на Сител
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо