ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА: Терористи упаднаа во ресторан - гостите заробени во локалот
Група од девет напаѓачи упадна денеска во ресторан во центарот на главниот град на Бангладеш, Дака и зеде повеќе заложници, јавија локалните медиуми.
- Меѓу заложниците има и неколкумина странци, информира шефот на полициските специјални единици Бенџир Ахмед.
Според електронското издание на весникот „Дејли стар“ напаѓачите влегле во ресторанот „Холи артизан бејкери“ во квартот Гулшан околу 21 часот и 20 минути по локално време и отвориле оган. Следувала престрелка со полицијата и вработените во ресторанот, кој се наоѓа во луксузниот дипломатски кварт на Дака. Локалните медиуми јавија дека во престрелката се повредени најмалку тројца полицајци.
„Раша тудеј“ соопштува дека во ретсоранот има најмалку 20 заложници.
„Џамуна Телевижн“ јави дека вработен во кујната, кој успеал да побегне соопштил дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“.
Голем број полицајци се на местото на настанот и блокираното е целото подрачје
Ново на Сител
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје