Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг

Од утринава во германскиот град Зинциг е во тек заложничка криза, во филијалата на банката „Фолксбанк“, околу која се распоредени специјални полициски единици, додека хеликоптери летаат над градот.
Според германски „Билд“, драмата започнала во 9 часот утрово, а целиот центар на градот во моментов е блокиран и ограден од полицијата.
Според германските медиуми, инцидентот започнал кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Еден од вработените излегол од оклопниот камион за да влезе во банката, при што бил пресретнат од непознат маж кој му се заканил.
Портпаролот на локалната полиција изјавил дека се верува дека во банката има неколку напаѓачи и заложници, а меѓу заложниците наводно е и возачот на оклопно возило за транспорт на пари. Според достапните информации, киднаперот и еден вработен се во трезорот на банката.
Досега полицијата не објави колку луѓе се во банката или дали напаѓачите се вооружени.
Германските медиуми јавуваат дека на социјалните мрежи циркулираат информации дека некои од осомничените можеби избегале, но полицијата не го потврдила ова.
Полицијата ги повика граѓаните да не шират непроверени информации и гласини на социјалните мрежи. Полицијата тврди дека засега нема опасност за жителите надвор од блокираната област.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
