Заложничка криза во Германија: Жена упаднала во клиника, запалила факел и се заканувала
Голема полициска и противпожарна акција е во тек во болницата Лујзен во Ахен, Германија, каде според првичните информации од полицијата, наводно вооружена жена им се заканувала на неколку лица во клиниката, јавија германските медиуми.
Областа е опколена со вооружена полиција со шлемови, панцири и автоматски пушки, а улиците се затворени. Специјални единици од Келн се на пат кон локацијата.
Се наведува дека жената запалила пиротехника и голем облак чад ја наполнил клиниката. Според БИЛД, непозната жена запалила факел во операциона сала.
Таа потоа се забарикадирала во соба за пациенти и засега не е јасно дали имало други луѓе во собата.
Полицијата се уште не може да каже која е точно вооружената, ниту на кого му се заканува. Исто така, не е јасно дали има повредени.
Станува збор за протестантска болница со 378 кревети и дванаесет специјалистички одделенија. Во болницата работат околу 1.600 вработени.
Во моментов се расчистуваат делови од клиниката, а пациентите се преместуваат.
Како што пренесува „Ахенер цајтунг“, од зградата се изнесуваат вознемирени лица.
Полицијата ги повикува луѓето да ја избегнуваат областа околу болницата Лујзен.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово