Заменик министерот Максути на Самитот на европска политика во Брисел
Заменик министерот за одбрана Беким Максути денеска во Брисел учествуваше на годишниот Самит на европска политика ко-организиран од тинк-тенк организацијата „Пријатели на Европа“, фондацијата Конрад-Аденауер и Програмата за развој на Обединетите Нации, а поддржан од Европската комисија и Советот за регионална соработка.
Самитот на кој учествуваше и Кристијан Даниелсон, генерален директор на Европската комисија за соседска политика и проширување, беше на тема „Западниот Балкан на крстопат – нови предизвици, променлива динамика“, а дискусиите беа во насока на поставувањето на регионот повисоко на европската агенда.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на агендата беа теми како воспоставувањето на демократијата, мирот и стабилноста и економскиот развој и интеграцијата на Западниот Балкан, како и реформите на национално, но и локално ниво
На маргините на Самитот, заменик-министерот Максути кусо разговараше со Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски работи во Стејт департментот на САД и со Ендрју Плит, виш советник за развој во Европската команда на САД.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
