-->
-->
Заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Украина поднесе оставка
-->
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, поднесе оставка.
„Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко на Телеграм објавувајќи фотографија со напишаната оставка.
Според извори на некои украински медиуми, неговото место би можел да го заземе шефот на управата на воениот округ во Киев, Олексеј Кулеба.
Шефовите на воените регионални администрации на Суми, Дњепропетровск, Запорожје и Керсон наскоро ќе поднесат оставки, јавија локалните медиуми.
Претседателот на Украина во неодамнешното обраќање најави многу „кадровски решенија“ на сите нивоа на власта и во безбедносните сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата