Замина ангелот: Почина девојчето од Русија чија мајка и ја одгризна усната зошто плачела

Катја Спесициева (9) од Русија почина поради ненадеен застој на срцето. Мала Каќа која е позната во јавноста откако преживеа страотна торутура од својата мајка Људмила (36) која во 2015 година и ја одгриза усната, зошто девојчето плачело.
Катја, која боледувала од церебрална парализа, се разбудила една ноќ и неутешно плачела, што ја разлутило нејзината мајка. Бесна што девојчето ја разбудило, мајката се доближила до девојчето и почнала да го тресе и удира, по што тоа посилно заплакало, а во налет на хистерија, мајката и ја одгризнала усната.
Несреќното девојче со денови имало рани и болки по што Људмила одлучила да ја однесе на лекар. Детето е веднаш хоспитализирано, а докторите утврдија дека мајката во налет на бес се обидела и носот да и го одгризне, но не успеала во своајта намера.

На девојчето во текот на прегледот и се најдени и бројни повреди и модринки по телото. Детето е одземено од мајакта и повеќе од година дена помина по бројни болници каде е утврдено дека девојчето боледува од низа болести причинето од занемарување на детето. Потоа среќата минатата година на кратко му се насмеа на овој ангел, зошто се појави Ана Макарова - Бесполова, која одлучи да го посвои девојчето.
Каќа последните година дена живееше во љубов и среќата која ја примаше од Ана и нејзиното семејство. А потоа, пред некое утро Ана не можела да го разбуди девојчето.

„Не бевме подготвени за тоа нашата Катја, нашата Катјуша засекогаш да не напушти. Огромна трагедија не погоди“, јави Ана кратко за медиумите.
Ново на Сител
-

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена
-

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма
-

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата, најави жестоки акции кон маркети со нефер трговски практики
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
