Џет-Сет
4. May 2016 - 9:11

Замина жената со ангелски глас: Почина Јадранка Стојаковиќ

Некогашната голема југословенска музичка ѕвезда, многу успешната кантавторка и сликарка Јадранка Стојаковиќ почина денеска во 65. година до животот.

Јадранка боледуваше од моторен неурон, кој и беше откриен по падот на бина пред 4 години. Оваа тешка болест подразбира постепено одумирање на мускулното ткиво.

Музичката кариера ја започна во Сараево. Во текот на 70-тит почна да се занимава со обработка на песните на Алекса Шантиќ и Десанка Максимовиќ во нов музички аранжман. Работеше и применета музика за телевизија, а ја напиша и воведмната тема за 14. Зимски олимписки игри во Сараево во 1984 година.

Во 1988 година се пресели во Јапонија од каде се врати поради земјотресот. Од 2011 година живееше во Бања Лука во старечки дом. Беше вработена како уредник во музичката продикција на РТВ Република Српска.

Нејзините најпознати шансони се: „Све смо могли ми“, „Има нека тајна веза“, „Музика је свирала“, „Чаробњаци“, „Што те нема“....

Јадранка настапи на Евровизија во 1981 година кога пееше како придружен вокал на Сеид Мемиќ Вајта за песната „Лејла“ заедно со Неда Украден и Исмета Крвавац.

Последните 5 години живееше во домот во Бања Лука но не беше заборавена. Ја посетуваа колегите, пријателите и фановите, а во февруари одржа и хуманитарен концер. На бината излезе Жељко Јоксимовиќ, кој воедно беше и иницијатор и организатор на концертот како и Маја Татиќ, Ива Ќуриќ, Марко Бошњак, Романа Паниќ, Јелена Томашевиќ и Харис Џиновиќ.