Занаетчиска комора преку веб-сервис ќе ги следи промените во Трговскиот регистар
Занаетчиската комора преку веб-сервис секојдневно ќе ги добива промените на податоците што субјектите од интерес ќе ги прават во Трговскиот регистар.
Ова денеска го договорија Директорот на Централниот регистар Андреа Поповски и претставници од Занаетчиската комора на Република Македонија.
Како што соопшти Централниот регистар, дневната размена на податоци ќе се однесува на околу 27.000 субјекти запишани во Трговскиот регистар кои работат во дејностите опфатени со законот и кои на годишно ниво, согласно показателите од претходните години, вршат околу 10.000 промени.
Претставниците на Занаетчиската комора изразија задоволство од отвореноста на Централниот регистар за нивните сугестии и за решавање на тековните проблеми, при што ја истакнаа досегашната беспрекорна соработка како со централата, така и на локално ниво, со регионалните регистрациони канцеларии на Централниот регистар.
Двете страни се заложија да ја продолжат редовната комуникација во насока на исполнување на законските надлежности на двете институции и задоволување на потребите на занаетчиите како клучен фактор за економската активност во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот
-
Норвешка ќе купи американски противвоздушни ракети за 362 милиони долари
-
Дојави за поставени бомби во неколку сараевски средни училишта
-
Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција
-
Мицкоски за писмото од Ахмети: Не сум го видел - дневно добивам многу писма од граѓани
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка во Кочани
-
МЗ: Над 61.000 граѓани пријавени за вакцинацијата против сезонски грип, досега вакцинирани над 19.000
-
Борел: Орбан оди во Тбилиси, но тој не ја претставува ЕУ