Меѓународен ден на белиот стап - симболот на слепите лица и лицата со оштетен вид
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на белиот стап, глобална иницијатива што се прославува секоја година на 15-ти октомври. Тоа е ден посветен на признавање на значењето на белиот стап во животот на слепите лица и лицата со оштетен вид. Овој ден служи како симбол на независност, мобилност и охрабрување за слепата заедница, како во Република Северна Македонија, така и во светот.
- Белиот стап е помагало која им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат со увереност и независност. Таа не само што ја симболизира слободата, туку и го прикажува успехот и можностите на оваа категорија на граѓани, се посочува во соопштението од Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија.
Низ територијата на Република Северна Македонија, секое од 18-те Здруженија на слепи лица, членки на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија ќе организираат во рамки на своите општини различни настани и активности за одбележување на овој посебен ден.
- Ова е ден за чест на силата и издржливоста на слепите лица и лицата со оштетен вид, да се промовира инклузивноста и да се нагласи важноста од еднакви можности за сите, се подвлекува во соопштението.
Иако Денот на белиот стап има силно историско и културно значење, тој исто така е потсетник на тековната работа потребна за создавање поинклузивно и подостапно општество за слепите и лицата со оштетен вид. Овој ден, нагласуваат од Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, го охрабрува општеството да ја прифати различноста, да ја промовира свеста и да ги отфрли погрешните сфаќања за слепилото.
Ново на Сител
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
