Западниот Балкан ќе биде дел од министерскиот состанок за набавка на гас во Софија

Министерскиот состанок за енергетика во Софија на кој ќе се разговара за новата платформа за набавка на гас откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.
Еврокомесарката Симонс изјави дека земјите членки на ЕУ треба да знаат дека Газпром “не е партнер од доверба“ по одлуката да ја прекине доставата во Бугарија и Полска, откако овие две земји одбија да плаќаат во рубли.
-Било која земја членка може да биде следна, мораме да одговориме со единство и солидарност, оваа унилатерална промена е неоправдана и легитимно е да се одбие согласно комерцијалното право, рече Симонс за плаќањето во рубли.
Европската Комисија најави дека во Бугарија се воспоставува пилот платформа во рамките на инцијативата на ЕУ за набавка на гас. Оваа платформа има за цел да се справи со регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија.
На петти мај во Софија ќе се состанат надлежните министри на ЕУ заедно со партнерите од Западниот Балкан.
Министерката за енергија на Франција, земја претседавач со ЕУ, Барбара Помпили, од своја страна нагласи дека прекини во доставата на гас може да се очекуваат уште во наредниот период и дека ЕУ ќе се подготвува во следните недели и месеци за да етаблира регулатива за залихи на гас.
-Има ризик од прекин на достава на гас ако Русија донесе унилатерална одлука, тоа е целата работа што ја вршиме, ако дојде до таква одлука, регулативата за залихи напредува добро, за да имаме оптимални залихи кои ќе ни овозможат да се справиме со прекин, но тоа нема да биде доволно, не можеме да мислиме дека ќе го замениме целиот руски фосилен гас со друг гас, мораме да го диверзифицираме начинот на греење, имаме цел план за намалување на таа зависност, рече француската министерка.
Таа увери дека сите земји без исклучок се обединети по овие прашања, тие едногласно се согласиле и дека не треба да се плаќа во рубли. Европската Комисија во наредните денови ќе излезе со правила за земјите членки како да се соочат со руското барање за плаќање во рубли.
Денеска состанокот не бил посветен на можни идни санкции врз енергетскиот сектор на Русија, додаде таа.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, минатата недела најави дека се работи на шести пакет санкции кој ќе ја покрие енергетската област, но Унгарија предупреди дека нема да поддржи санкции во овој дел.
Ново на Сител
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
