Запален Конзулатот на Саудиска Арабија во Мешхед

Конзулатот на Саудиска Арабија во Мешхед, главниот град на иранската покраина Рауави-Корасан, запален е за време на денешниот протест организиран поради погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.
Претходно, студентите на муслиманската верска настава денеска организираа протестен марш во светиот ирански град Кому во знак на протест поради егзекуцијата на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.
Десетици луѓе со турбани на глава и облечени како шиитските свештеници маршираа низ Кому носејќи фотографии на погубениот ал Нимр.
Во меѓувреме Иран изрази протест до Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран поради погубениот шиитски свештеник.
Во Саудиска Арабија денеска се егзекутирани 47 луѓе осудени за тероризам, вклучително и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр. Неговото погубување предизвика протести во Иран и во Бахреин, како и жестоки реакции од низа земји.
И Европската унија денеска изрази вознемиреност поради егзекуцијата на ал Нимр.
- Погубувањето на шеик Нимр ал Нимр предизвикува сериозна вознемиреност за слободата на говорот и почитувањето на основните човекови и политички права, кои треба да се почитуваат во сите ситуации, вклучително и во рамките на борбата против тероризмот. Настанот може дополнително да ги разгори меѓуверските тензии, се наведува во соопштението од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.
ЕУ апелира до Саудиска Арабија да изнајде начини за помирување меѓу различните заедници и ги повика сите страни да покажат воздржаност и одговорност.
Амнести интернешнел убиството на свештеникот го оцени како дел од кампањата на саудиските власти за сузбивање на противниците.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
