Запален пластичен контејнер во Кавадарци

Несовесни граѓани запалија пластичен контејнер, кратко откако контејнерите беа поставени за селектирање на отпадот во Кавадарци. Од Јавното претпријатие „Комуналец” кое ги постави контејнерите во соработка со општината и компанијата „Пакомак”, денеска изразија незадоволство од ваквата постапка и упатија апел ваквите несакани работи да не се повторуваат.
- Неопходно е сите да се вклучат во акцијата за почисто и поубаво Кавадарци, за ваквите непромислени постапки да бидат само минато, нагласи Јован Ристов, раководител на Секторот за хигиена при „Комуналец”.
Заедно со еколошкото друштво „Еко-живот” повикаа од страна на надлежните да се откријат и казнат виновниците. Истовремено повикаа на поголема еколошка свест кај населението.
Несовесните постапки ги осудија и од Локалната самоуправа, изразувајќи надеж дека ова нема да се случува и во иднина.
Само пред неколку дена, на истиот потег во градот, несовесни граѓани насила празнеа контејнер за пластика, иако тој треба да се празни со специјално возило.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
