-->
-->
Запалил сува трева со запалка, уапсен 59-годишник
-->
На подрачјето на Драчево вчера во 19.20 часот од полициски службеници од Полициска станица Драчево е лишен од слобода Ф.С.(59) од село Долно Количани, скопско.
Имено, постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11.55 часот, според која покрај патот кој води за с.Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.
Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
