Запишување по електронски пат на Штипскиот универзитет
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип воведува електронско пријавување за уписи на идните студенти за академската 2016-2017 година. Ректорот Блажо Боев денеска на прес-конференција истакна дека тоа ќе им овозможи на идните студенти од кој било дел од Македонија да се пријават за упис на некој од факултетите.
Првиот уписен рок на 13-те факултети и на трите академии на Штипскиот универзитет ќе почне на 15 август и ќе трае до 19 август.
- Оваа година е воведена новина во пријавувањето на студентите за упис на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Воведена е нова, модерна електронска платформа која се применува на многу европски и светски универзитети. Таа е прилагодена за потребите на нашите студенти и со неа можат од кој било дел од Македонија да ја направат апликацијата и воопшто да не се појават, а потоа, при запишувањето, да дојдат на универзитетот, рече Боев.
Соопшти дека на нивниот универзитет за упис во прва година има 5.000 слободни места. Новина во однос на студиските програми е отворањето на отсекот вајарство на Академијата за ликовна уметност.
- Капацитетите на нашите дисперзирани центри се зајакнати и мислам дека тие ќе фукнционираат и оваа година во добра кондиција, како што функционираа и досега, рече Боев.
Додаде дека дисперзираните студии се отворани според потребите на факултетите, при тоа посочувајќи на дисперзираниот центар во Струмица за земјоделство и истражување во областа на земјоделството.
- Во Кавадарци е центар за енологија, односно за лозарство и винарство. Во Прилеп е центар за рударство и геологија, дел од Македонија кој артикулира повеќе од 80 проценти од енергетските потреби на државата, додаде ректорот.
Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и годинава ќе врши уписи на студенти од странство. Боев очекува и оваа година на факултетите и академиите да се запишат околу 150 странски студенти.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити