Запленет хероин во Чаир, приведени четворица дилери
На 26.08.2019 врз основа на судска наредба Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје изврши претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир, Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Ф.П. бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, врз основа на судска наредба, претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51), исто така во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“. Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Истиот ден, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во
Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата