Запленети 20 килограми марихуана
Царинските инспектори од Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со Министерството за внатрешни работи, на граничен премин Блаце пронајдоа 42 паковки со околу 20 килограми марихуана.

На 21 март 2017 годинa околу 10:30 часот, на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце се пријавило патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин. При прегледот на возилото, во задните врати на комбето помеѓу лимот и тапацирот, поточно во левата и десната задна врата, под тапацирот на левото и десното задно крило и во внатрешноста на моторот биле пронајдени 42 пакувања, со вкупна тежина од околу 20 килограми. Сите паковки биле наполнети со растителна материја која при тестирање со тестер за дрога NIK добиени се индикации дека се работи за марихуана.

Сите изготвени документи, дрогата и лицето се предадени на службени лица од Министерството на внатрешни работи за понатамошна постапка.

Ново на Сител
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
