Запленети над 2.500 пиротехнички средства во Скопје

Со наближувањето на новогодишните и божиќните празници се наметнува потребата за подигање на свеста кај граѓаните во врска со опасноста и можните последици кои што можат да настанат од неконтролирана употреба на пиротехничките средства, од нестручно и невнимателно ракување од страна на малолетни лица, од несоодветно транспортирање и чување, како и во поглед на санкционирање на недозволената трговија од страна на физички и правни лица со пиротехнички средства и други запаливи средства и распрскувачки материјали, без поседување на одобрение за тргување, со кои се нарушува мирот и безбедноста на граѓаните и имотот.
Со цел спречување на оваа појава, на 19.12.2020 во периодот од 10:00 до 16:00 часот на подрачјето на СВР Скопје, од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат се извршени контроли во поглед на трговија и употреба на пиротехнички средства.
Притоа, реализирани се контроли на 18 пазари, три паркови, шест трговски центри, 12 раскрсници и 13 маркети. Во текот на контролите на пазарот „Бит пазар“ се пронајдени и одземени вкупно: 2.532 парчиња петарди, четири парчиња огномет, две петарди-бомба, две парчиња Мр-30 панда, две парчиња тандер флеш и 16 парчиња ракети.
По преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации се констатирани вкупно 43 прекршоци од Законот за заштита на населението од заразни болести за носење на лична заштита на лицето, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се две мерки по чл.2 од Законот за трговија на подрачјето на Гази Баба. За време на преземањето на мерките и активностите, лишени се од слобода две лица, и тоа е Ќ.Ш.(30) по чл.15 од Законот за лична карта и А.А.(23) по распишана телеграма.
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
