Запленети околу 14 килограми хашиш на ГП Деве Баир
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа запленија околу 14 килограми хашиш, пакувања хашиш смола и хашиш масло на граничниот премин Деве Баир.
- На 07.03.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
- По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.
МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потсети дека завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница