Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот, соопшти полицијата
– Белгиската полиција денеска соопшти дека запленила речиси 1,5 милиони евра во рации во врска со наводите за корупција против луѓе поврзани со Европскиот Парламент.
Соопштението е објавено на Твитер заедно со слики на кои се гледа мал куфер, неколку актовки и хартиени кеси полни со евра.
Четири лица се уапсени од петокот под обвинение дека влијаеле на одлуките на Европскиот Парламент во корист на домаќинот на Светското првенство Катар во замена за пари и подароци.
Сега поранешната потпретседател на Европскиот Парламент, Ева Каили, нејзиниот партнер, поранешниот европратеник Антонио Панцери и четвртото лице денеска треба да се појават на суд, каде се очекува судијата да одлучи дали ќе им одредени мерка притвор.
Уште две лица беа приведени во петокот, но подоцна беа ослободени.
Ново на Сител
-
По барањето од ОЈО Скопје, одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски: Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност
-
Николоски: Градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново
-
Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
-
Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ
-
Се возеле со мотори и АТВ во заштитениот дел на Шар Планина, покрената постапка
-
Во следните денови постепено зголемување на температурата
-
Затворен сообраќајот кај Страцин