Запленето и уништено небезбедно пилешко месо од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека на почетокот на месецов на граничниот премин Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил.
Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, нештетно е уништено на депонијата во Струга.
- Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект - кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23.03.2017 година, истакнува АХВ.
Оттаму посочуваат дека увозот на месо во земјава се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти и оти секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката. Секоја увезена пратка со месо и производи од месо задолжително се контролира и од страна на инспекциските служби на АХВ. Контроли се вршат и при истоварот на увезените пратки.
- Во рамки на одредени мониторинг програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа. За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна, појаснува АХВ.
Агенцијата соопшти дека по неодамнешните случувања во месната индустрија во Бразил, е во постојана комуникација со македонскиот амбасадор Ивица Боцевски со кого на дневна основа се разменуваат информации за случувањата во бразилскиот месен сектор.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
