Започна 52-от ДАФ на Македонија во Кочани

Годинешниот 52-ри Драмски аматерски фестивал на Македонија започна синоќа во Кочани со настап на гостите од Словенија, драмските аматери од театарската работилница „Дрзна ин лепи“ од Иванчна Горица со претставата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир во превод на Отон Жупанчич а во режија на Трајче Георгиев. Во вечерниот термин настапија драмските аматери од Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани со претставата „Просидба“ од Чехов, а во режија на Трајче Георгиев.
Фестивалот за отворен го означи градоначалникот Кочани Ратко Димитровски, кој во името на градот домаќин истакна дека оваа престижната манифестација остава посебен белег на драмскиот аматеризам.
- Посебно не радува што како град веќе 40 години ДАФ има свое место во културната историја на нашиот град и пошироко во државата, со посебен белег на драмскиот аматеризам кој има нагорна линија. Изминатите 40 години успеавме да бидеме домаќини на над 700 театарски престави со повеќе илјади учесници од Македонија и странство и да дадеме придонес во развојот на драмскиот аматеризам, истакна Димитровски.
Годинава на ДАФ во Кочани ќе бидат изведени 11 театарски претстави во официјалната конкуренција од Македонија, Словенија, Црна Гора и Србија. Постигањата на драмските аматери ќе ги вреднува жири комисија во состав: Здравко Митков, Јана Лефкова и Благојчо Стојанов.
Вечерва настапуваат членовите на Драмското студио при Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес со претставата „Дома“ на текст од Људмила Разумскаја, а во режија на Слободанка Чичевска. Во ноќниот термин ќе настапат членовите на Колашинскиот аматерски театар од Колашин, Црна Гора со претставата „Авиоинспотинг“ од Иво Брдар во режија на Зораан Ракочевиќ.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
