Започна фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Во присуство на голем број љубители на хуморт и сатирата како и на голем број карикатуристи од Македонија и регионот, синоќа во Виница свечено беше означен почетокот на гдинешното издание на мегународниот фетсивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“.
На свеченоста во Виница на наградените автори од Македонија и Србија ,Петар Јанков и Тошо Берковиќ им беа врачени втората и третата награда. Првонаградениот карикатурист Клаус Питер од Австрија не допатува на отварањето на фестивалот.
-Годинава на тема „На пуст остров“ пристигнаа 408 карикатури од 40 различни држави ја одбележуваат интернационалната нишка на Фестивалот. Жири комисијата се определи за три награди и три најуспешни карикатури, изјави Славко Денев директор на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.
Во рамките на фестивалот ке биде извршена промоција на третото печатено издание „Афористичка ризница“, а ке настапи и театарот од Трјавна- Бугарија со преставата „Жената не е светица“. Ќе гостуваат и театарот Комедија од Скопје со претставата „Нешто пропуштаме“, кумановскиот театар со претставата „Идиоти“ и охридскиот театар со претставата „Импровокација“.
Паралелно со фестивалот, во двете основни училишта во Виница ќе се организираат работилници за карикатура со познатиот карикатурист Миро Ѓорѓиевски“. Годинешното издание на фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура и општина Виница.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
