Македонија
5. May 2020 - 21:20

Започна постапката за прогласување на шар Планина за Национален парк, а Осоговските планини за заштитен предел

 Владата на  денешната седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.
 
Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по овие предлози и конечниот предлог да го достави до Владата на Република Македонија за разгледување и усвојување, најкасно до крајот на месец септември 2020 година.