Започна уредувањето на улиците во велешко Чалошево

Во населеното место Чалошево во реонот на oпштина Велес, денеска започна реализацијата на проектот „Реконструкција на улици“, а во тек се подготвителните активности за асфалтирање.
Како што информира за медиумите градоначалникот Славчо Чадиев, кој со својот тим денеска направи увид на терен, проектот предвидува реконструкција на основна траса, пристапен пат и еден крак. Вкупната должина која ќе биде асфалтирана изнесува 1.062 метри.
Воедно појасни дека по должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, викенд куќи, основно училиште со настава до петто одделение, преработувачки погон за земјоделски производи.
- Директни корисници од овој проект ќе бидат околу 300 жители на селото од 75 домаќинства. За реализација на градежните активности ќе бидат инвестирани околу шест милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка, информира Чадиев.
Ново на Сител
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
