-->
-->
ОН започнаа истрага за нападот врз хуманитраниот конвој во Сирија
-->
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска соопшти дека Светската организација започнала истрага за нападот врз конвојот со хуманитрана помош во Сирија на 19 септември, при кој загинаа 18 лица.
- Внатрешниот комитет на ОН ќе ги утврди фактите за настанот од 19 септември, рече Бан.
Тој нагласи дека по „утврдувањето на фактите“, ОН ќе решат какви чекори ќе преземат против одговрните за нападот.
Воздушниот напад врз камионите што превезува хуманитарна помош беше извршен за време на примирјето во Сирија во близината на северниот сириски град Алепо.
САД и Русија го осудија инцидентот и побараа поведување истрага за утврдување на одговорноста за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа