Свет
29. January 2016 - 19:02

Започнаа преговорите за Сирија без главната опозициска група

Мировните преговори за сириската криза со посредство на ОН започнаа денеска во Женева, но без главната опозициска група, пренесува Танјуг. 

Делегацијата на сириската Влада предводена од амбасадорот на Сирија при ОН Башар ал Џафари пристигна во седиштето на ОН во Женева, на првиот состанок во рамки на мировните преговори. 

Џафари не сакаше да даде изјава пред состанокот со претставникот на ОН Стефан де Мистура. 

Претхоно денеска, агенциите пренесоа дека наспроти притисокот од Западот, главната опозициска група - Високиот комитет за преговори (ХНЦ), поддржана од страна на Саудиска Арабија, се уште не одлучила дали ќе присуствува во Швајцарија. 

Отсуството на ХНЦ се заканува да ја загрози најголемата дипломатска иницијатива досега за се стави крај на петгодишната граѓанска војна во Сирија, во која загинаа повеќе од 260.000 луѓе, а милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.