Македонија
22. јуни 2022 - 15:27

Започнал да гради без одобрение, 61-годишник од Скопје заработи кривична

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.А. (61) од Скопје за сторено кривично дело „Бесправно градење" по чл.244-а од КЗ.

Како што информираат од МВР, скопјанецот ја заработил кривичната пријава бидејќи започнал со градежни активности на парцела во општина Гази Баба, без да поседува Одобрение за градење издадено од надлежен орган во согласност со чл.56 ст.1 од Законот за градење.