Започнува Фестивалот во Сан Ремо
Во театарот „Аристон" во Сан Ремо вечерва ќе биде отворено годинешното издание на Фестивалот на италијанската песна, што ќе трае до 11 февруари.
Во битката за Големата награда на Фестивалот во Сан Ремо годинава ќе учествуваат повеќе песни од вообичаено - 22 наместо 20. Меѓу попознатите изведувачи кои ќе настапат на Фестивалот се Бјанка Ацеи, Кјара, Лодовика Комело, Џузи Ферери, Елоди, Паола Турчи и Фиорела Маноја, Микеле Ѕарило, Ал Бано, Микеле Брави, Алесио Бернабеи, Клементино, Џиџи Д'Алесио, Марко Мазини, Франческо Габани, Фабрицио Моро, Емрал Мета, Рон, Самуел и Серџо Силвестре.
Наредниве пет дена, како специјални гости на Фестивалот ќе ги видиме и Рики Мартин, Роби Вилијамс, Киану Ривс, Раул Бова, Франческо Тоти, Мика, Алесандро Гасман и Ѕукеро.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски