Запознајте ја вистинската Маша

Маша и Медо е можеби најпознатиот цртан филм на овој век. Популарен е на сите континенти, го сакаат и цели и црни и жолти и сите деца би сакале да бидат на местото на московката Алина Кукушкина.
Алина Илинична Кукушкина е руска актерка која ѝ го позајмува својот глас на палавата Маша. Родена е на 26 септември 2001 година во Москва, а станала Маша на 6 години.
Пред четири години студиото Анимакорд, кое го снима цртаниот филм, упатило покана сите од струката и од рекламниот свет кои имаат деца да ги донесат на аудиција. За поканата слушнала и Ирина Кукушкина, мајката на Алина.

– Тогаш не му придадовме значење на овој проект. Кој да знае дека ќе прерасне во толку големо нешто. Ни беше интересно. На Алина ѝ рекоа да каже неколку зборови на микрофон со природниот глас. Сите беа изненадени и многу набрзо ни јавија дека Алина ќе ѝ го позајмува гласот на Маша, се сеќава експерктката за реклами.
Алина е вистинска ѕвезда во Москва. Пред неколку години дури беше поканета како „почесна Маша” да учествува на Славјански базар. Но, еднаш на два месеци, таа, како вистински професионалец се затвора во студио и ја снима новата новата епизода од Маша и Медо. За својата работа ученичката сега добива надомест од 7-10 илјади рубли (околу 300 долари). Но, за среќа, славата не ѝ пречи да остане дете. Алина учи во 4 клас (8 одделение) во обично московско училиште и иако наставниците не ѝ попуштаат, таа е одлична.
– Не кажавме никому дека Анина е Маша. Децата сами дознаа, вели скромната мајка.
Иако сите ѝ велат дека е како Маша, таа не мисли така.
– Маша е родена многу пред мене. Олег Кузовков, режисерот, патувал со брод и таму запознал девојче на 2-3 години, кое цело време било палаво и се задевало и им додевало на родителите и со сите на бродот. Тоа девојче е Маша. Но, и јас имам нешто нејзино… непослушна сум, си признава Алина.
Во интервјуто за еден руски портал Алина вели и дека многу сака да си игра лекар, исто како Маша.
– И јас како и Маша сакам да лекувам, сите играчки ми се во завои.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
-

Андоновска: Нема простор за паника, бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
-

Ким Џонг-ун најави дополнително јакнење на воените капацитети на Северна Кореја
-

Кривични пријави против управители и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот за злоупотреба на јавна набавка
-

Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран
-

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година
-

Бугарскиот парламент ја избра владата на премиерот Румен Радев
