Заштита на жените бегалци од насилството врз основа на полот

Многу жени кои бараат азил биле изложени на родовото насилство во многу форми - стрес, присилна проституција, малтретирање, полови односи за опстанок, сексуално ропство и други форми на изнудување. Сепак, „нивната заштита од насилство не беше сметана за приоритет во управувањето со бегалската криза", смета Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Според парламентарците, од земјите-членки на СЕ, „на родовата димензија на бегалската криза е запуштена."
Со усвојување на резолуција врз основа на извештајот на Гизела Вирмска (Австрија, Социјалистичка група), ПССЕ истакна дека да се обезбеди заштита од насилство врз основа на родвата припадност за сите жени "мора да биде приоритет, без оглед на нивниот статус" . Одговорноста за помош и заштита на жените баратели на азил и бегалци не е ограничено на случаи на насилство во земјата на дестинација. Овие жени „мора да добијат соодветна помош за надминување на траумите што ги доживеале во земјите на потекло или транзит".
ПССЕ се заложи за серија на мерки, како што е потпишувањето и ратификацијата „без одложување" на државите кои се уште не го направиле тоа, на конвенциите на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и борбата против трговијата со луѓе. Во однос на безбедноста на жените во транзит, во прифатилишта, треба да има и присуството на жени меѓу работници, преведувачи, полицајци, социјални работници и чувари, и да се создаде безбеден простор во сите транзитни и прифатни центри.
Исто така, треба да им се даде на жртвите на насилство врз основа на родова припадност, психолошка помош и медицинска нега, вклучувајќи и сексуално и репродуктивно здравје и посебна заштита во случаи на силување, и да се гарантира дека девојките се слободни да одлучат за себе, да е добиена согласност од нив и дека се секогаш слободни и информирани и дека тие не треба да бараат дозвола од брачниот другар, родител/старател или администрацијата за да имаат пристап до услуги за сексуално здравје и репродуктивно здравје.
ПССЕ, исто така, повика на спроведување на постапките за азил со почитување на родовата припадност и гарантирање на присуството на жени меѓу агентите одговорни за азил и преведувачи. Помеѓу другите мерки, пратениците ги наведоа програмите за ресоцијализација и релокација – односно тоа за барателите на азил и бегалците, значи како тие можат на најсигурниот начин да дојдат во Европа, семејното обединување и инвестиции во програми за економска и социјална интеграција на бегалците.
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
