Заштитна маска го убива вирусот со помош на топлина од мобилен полнач
Израелските научници дизјанираа заштитна маска за лицето за повеќекратна употреба, којашто може да ги убие коронавирусот со топлина, напојувајќи се преку полнач за мобилни телефони.
Дезинфикацискиот процес трае околу 30 минути, и корисниците не би требало да ја носат маската додека е приклучена на полначот, предупредува професорот Јаир Еин-Ели, кој ги водел научниот тим на универзитетот „Технион“ во Хаифа.
Новата маска има УСБ порт кој се спојува со изворот на струја, како и стандардниот полнач за мобилен телефон и го загрева внатрешниот слој од јаглеродни влакна до 70 Целзиусови степени, што е доволно висока температура да ги убие вирусите.
„Беше многу тешко да се најде вистинското јалгеродно влакно коешто ќе ја достигне температурата при вакво излезно напојување од 10 вати на УСБ полначот. Во нашата лабораторија минавме четири дена испитувајќи 40 типови јаглеродни влакна“, велн Еин-Ели.
Според професорот Еин-Ели, маските за еднократна употреба, за коишто имаше голема побарувачка во текот на избувнувањето на пандемијата со новиот коронавирус, не се економични особено за болниците каде што се потребни огромни количества, ниту се добри за природната средина.
Анкетата спроведена од весникот The Washington Post покажала дека околу 66 отсто од анкетираните американски здравствени работници изјавиле дека нивните работни места се соочуваат со недостиг од маски кои се најпогодни за заштита од коронавирус.
„Моравме да изработиме маска којашто е погодна за повеќекратно користење и ова е нашето решение“, вели Еин-Ели за новиот изум.
Прототипот наликува на стандардната маска за лице од типот „N95“, со вентил на предната страна и гумени ленти за зацврстување на маската околу главата.
Научниците го предале патентот за оваа маска во САД кон крајот на март и сега се во преговори за комерцијализација на производот со приватниот сектор.
Веројатно ќе се продава по цена за долар повисока од типичните еднократни маски за лице, сметаат научниците.
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад