Заштитни археолошки истражувања на локалитетот „Таламбасица“ кај селото Крушевица
Во тек се заштитните археолошки истражувања на локалитетот „Таламбасица“ кој се наоѓа пет километри североисточно од селото Крушевица, Прилепско, соопшти Министерството за култура.
На овој локалитет, како што се наведува, се истражува тумул од периодот на преминот од бронзено во железно време, кој претставува солидно зачувана единица од шеесетината досега евидентирани примери од овој тип на подрачјето на општината Витолиште во мариовскиот крај.
Од планираните активности, досега се завршени подготвителните активности при што е отстранета вегетацијата и откриени се камењата кои ја формираат хумката на тумулот со оградниот ѕид, односно венецот на конструкцијата каде што е забележан феноменот на специфично редење на камењата еден до друг со потесните страни нагоре.
Истражувањата на оваа локација ќе се одвиваат до идниот месец, а резултатите ќе бидат значаен придонес во дефинирањето на времето на металите во прилепскиот регион и насока за преземање натамошни истражувачки активности.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник