Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа почнаа со преземање зајакнати мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.
Како што соопшти МВР, целта е одржување стабилен јавен ред и мир, како и спречување на извршување кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот „Дрвен град“ во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓорѓов“, пекарата „Силбо“, Порта Македонија,...
-Покрај тоа беа, спроведени се и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица, информира МВР.
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Косел е реактивиран
-
Исчезнатата Клара е најдена
-
Експлодира мина во српската фабрика Крушик: Осум лица се повредени, од кои едно потешко
-
Ангелов: Од 40 пожари во последните 24 часа моентално активни се девет
-
Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Стражa, сообраќајот целосно во прекин
-
Мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип
-
Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро
-
Исчезната е Клара, млада девојка од Општина Илинден