Живот
16. August 2016 - 9:38

Застрашувачко: Јули 2016. година е најтопол месец во историјата

Тековната година продолжува да бележи историски рекорди на многу полиња, а едно од нив е по температурата. Имено, најтоплио месец било кога измерен на Земјата бил јули 2016 година, потврди НАСА и откри дека последните 9 месеци било за 0,84 степени потопло отколку во периодот 1950-1980.

 
View image on Twitter

Тие ја бележеле температурата во јули и заклучиле дека претходниот месец бил најтопол откако се врши мерење, т.е. од 1800. а исто така топли биле и јули 2015, 2011 и 2009 година.

 

View image on Twitter
Кога НАСА ги објави овие податоци, до истите резултати дојде и Метеролошката станица во Јапонија и додаде дека три најтопли јули биле во последните три години, а во Европскиот истражувачки центар за климатски промени изјавија дека секој јули  потопол од претходниот за половина степен Целзиусов.