-->
-->
Затвор во Австралија евакуиран поради наезда на глувци
-->
Австралиските власти почнаа со евакуација на неколку стотици осуденици од затвор во сојузната држава Нов Јужен Велс, поради наезда на глувци. Како што соопштија денеска тамошните власти, затворениците ќе бидат префрлени на друго место додека не се санира штетата предизвикана од глодарите.
„Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и притворените лица се наш врвен приоритет. Затоа е важно да се дејствува што е можно побрзо за да се отстрани ова”, соопштија надлжните.
Глувците оштетиле sидови и кабли во затворот во градот Велингтон.
Повеќе од 400 затвореници и 200 вработени ќе бидат префрлени во други установи до крајот на јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
