Затворање на 10. ИТФ „Лица без маски“ и доделување награди
Со претставата „Фармата“ во режија на Паоло Алесандри, а во изведба на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, вечер со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе заврши 10. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“.
„Фармата“ е претстава што е резултат од сценски дела базирани на соработка и вербална импровизација. Во претставата се употребуваат човечкото тело, звуци, гласови и измислени работи.
Во 21:45 часот на сцената на Театар Комедија, жири комисијата во состав: Деан Дамјановски, режисер, Трајче Ѓеорѓиев, актер и Тони Димков, новинар и критичар ќе ги доделат трите награди: Гран при за најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување.
Билети може да се набават на касата на Универзална сала-Скопје и Театар Комедија или со резервација на itf.faceswithoutmasks@
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија