Македонија
17. July 2024 - 12:50

Затворен е граничниот премин Евзони

Граничниот премин за влез во Грција „Евзони“ е затворен, поради избувнат пожар.

Според фотографиите објавени на страницата грчка инфо може да се забележи дека пожарот е во непосредна близина на границата.

На местото на настанот излегле 22 пожарникари со 10 возила кои работат на гаснење на пожарот, додека хеликоптер исфрла вода од воздух.