Затворен угостителски објект, пронајдени 7 женски лица - сопственикот приведен
На 05.12.2020 во 21.50 часот во угостителски објект лоциран во атар на с.Неготино, гостиварско, сопственост на С.Т.(20) од с.Неготино, при акциска контрола извршена од полициски службеници од Полициското одделение Галате, било констатирано дека во објектот се постапува спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во истиот се врши угостителска дејност после 21.00 часот.
При извршената проверка во една од помошните простории биле пронајдени седум женски лица, од кои две странски државјанки од Р Албанија: А.С.(28) и Е.А.(22). Во објектот биле затекнати и К.В.(19) и З.З.(22), исто така од Р Албанија. Во 22.15 часот поради злоупотреба на туристички престој, албанските државјанки биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Во 23.20 часот сопственикот на објектот С.Т. бил лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Тој е предаден во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. Од увидна екипа бил извршен увид во внатрешноста на објектот, како и во подземната просторија во која биле скриени странските државјанки. За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден