Македонија
24. July 2021 - 8:24

Затворен за сообраќај патот П 2332 Царина - спој со П 1301 Охрид - Свети Наум

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

-ЈП Македонија пат известува дека почнувајќи од 23.07.2021 (петок), во наредните три дена, поради изведување градежни работи на пат, (гребење и асфалтирање на коловозот), патниот правец  Р 2332 Царина - спој со Р 1301 Охрид - Свети Наум, ќе биде затворен за сообраќај  за сите видови на возила, соопштува АМСМ.