Македонија
22. October 2015 - 8:40

Затворена делницата Градско-Неготино

Поради снимање на францускиот филм „A Fond”,  денеска и утре ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 5 до 18 часот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.