Затворени две обложувалници во Тетовско
Две обложувалници во Тетовско се затворени, а една што требало да биде контролирана не работела, откако вчера полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Управата за јавни приходи спровеле акциска контрола во три спортски обложувалници, една во Тетово и две во Сараќино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
При акцијата било утврдено дека две од трите обложувалници опфатени со контролата приредувале игри на среќа спротивно на Законот за игри на среќа ( член 156 ) додека третата била затворена. Констатираните недостатоци во обложувалниците санкционирани се со парична глоба од 1.000 евра и времено затворање во траење од 30 дена. Покрај тоа од двете обложувалници одземени се 9 разни видови телевизори, 4 компјутери, исто толку монитори, 6 печатачи и над 13 илјади денари, информира Јосифовски.
Тој посочи дека во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за спречување и соодветно законско санкционирање на нелегалното функционирање на спортските обложувалниците во Полог во мај, јуни и јули годинава со заеднички акциски контроли на полицијата со УЈП биле опфатени вкупно 20 спортски обложувалници лоцирани на различни места од кои биле одземени 50 телевизори, 40 компјутери, исто толку печатачи и друг вид наменска опрема.ас/скс/11:33
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија