Затворени угостителски објекти поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус
Во текот на ноќта 31.10.-01.11.2020 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вршеа контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус. При контролите констатирано е дека два угостителски објекти, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење ковид 19 и во нив се затекнати повеќе лица.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ