Македонија
14. August 2016 - 11:22

Затворски чувар од Шутка заврши во притвор поради мито

Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.К. (22) од Скопје, вработен како помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Имено пријавениот искористувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист, примил ветување за награда–поткуп од засега неутврдена вредност од лицето Н.А. (татко на притворено лице) за да изврши службено дејствие кое не смее да го изврши односно на притвореното лице Ш.А. (син на Н.А.) да му предаде телефонски апарат кој притворените лица не смеат да го имаат.

За таа цел М.К. остварил средба со Н.А. од кој превзел еден телефонски апарат при што на 05.08.2016 година пријавениот превзел и конкретни дејствија на извршување на кривичното дело, со тоа што неовластено во забранетиот дел од затворот го внел телефонскиот апарат со намера да го предаде на притвореникот Ш.А. Истиот ден околу 01,05 часот од страна на претпоставени лица од КПУ „Затвор Скопје“- Скопје  извршена била контрола и кај М.К. биле пронајдени два мобилни телефонски апарати и банкнота во апоени од 50 евра, при што истиот бил приведен. Од страна на судија на претходна постапка, и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.