Зависници од дроги кои се на одвикнување во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф

Зависници од дроги кои се на одвикнување во центарот Нарконон во Конопиште, чистеа отпад кон планината Кожуф. Директорката на центарот, Александра Димевска-Јокиќ денеска појасни за МИА дека на овој начин, тие одбележале половина век од формирањето на првиот Нарконон во светот.
– Сега во светот постојат околу 50 вакви центри. Секој на свој начин го одбележа значајниот датум. Нашиот Нарконон Балкан одлучи да даде придонес во општеството. Го исчистивме целиот отпад од селото Конопиште, како и регионалниот пат од Мушов гроб до месноста Катуниште, нагласи директорката, заблагодарувајќи се на тимот од 25 лица кои чистеа, но и на службата „Мој општинар” при општина Кавадарци, која е задолжена собраниот отпад да биде однесен на соодветно место.
Нарконон Конопиште постои 16 години, а неодамна беше кажано дека е еден од најуспешните вакви центри во светот. Овде на одвикнување доаѓаат лица од земјава, но и од странство.
Ново на Сител
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
