Завршен настан од проектот „Советувалиште за превенција од употреба на дроги“
Намалување на употребата на дроги и поголема информираност за последиците од нив, како и поддршка на лицата на кои им е потребна помош, е целта на проектот „Советувалиште за превенција од употреба на дроги“, финансиран од Град Скопје.
Ова денеска го истакна Елеонора Николовска од Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Град Скопје на јавниот промотивен настан „Изборот нека биде среќа“ како завршен настан на проектот.
Таа рече дека станува збор за проект остварен во соработка меѓу Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, Град Скопје и 10 средни училишта од Скопје.
- Ова е завршен настан во рамки на проектот кој се одвива шест години иако подготовките почнаа пред 8-9 години кога целата програма ја правевме да одговори на потребите на целата училишна заедница. Средните училишта се во надлежност на Град Скопје, рече Николовска.
Таа посочи дека учениците предложиле предавањата да бидат интерактивни. Токму денес, нагласи таа, сите овие изработки на фотографии, танци, претстави и ликовни творби се резултат на активно учество на учениците во овој проект.
-Професорите и стручните служби побараа поддршка во смисла на повеќе информации за превенција од дроги и поддршка од лица кои ќе им помогнат на конкретни ученици на кои им треба поголемо следење и поддршка. На тој начин го отворивме и Советувалиштето за дроги на Водно кое работи во рамки на сервисот „Сакам да знам“ на ХЕРА, додаде Николовска.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години